Поранешната американска глумица Меган Маркл, му се заканила на својот сопруг, Хари со развод, ако го земе и однесе нивниот син Арчи во Велика Британија кај неговата прабаба, кралицата Елизабета.
Како што пишува магазинот Life & Style двајцата често се расправале околу тоа. Хари сака кралицата да помине некое време со нејзиниот внук и дека можеби за тоа ќе нема друга можност, но, Меган не му дозволува.
„Хари отсекогаш бил близок со својата баба. Тешко му паѓа тоа што кралицата е лута. Тој никогаш не сакал да ја повреди. Тие беа блиски и во одлични односи. Но, Елизабета се плаши дека нема да има можност повторно да го види Арчи, како и новородената ќерка Либет Диана“, открил извор.
Според пишувањата на медиумите, Хари и Меган често се расправале, но, се согласиле и да побараат професионална помош за да го спасат бракот.