Откако ја претепа Ријана, Крис Браун обвинет дека нападнал уште жена

Крис Браун ја претепа својата поранешна девојка, Ријана, а сега е повторно дел од голем скандал. Тој е под истрага, по обвинувањата дека удрил жена во неговата куќа во Лос Анџелес.

Портпаролката на полицијата во Лос Анџелес, Лизет Ломели, потврди дека Браун се наоѓа под истрага, затоа што наводно, тој во петокот, во неговиот дом, удрил жена. Идентитетот на жртвата засгеа не е познат.

„Жената објасни дека таа и осомничениот се расправале и дека тој ја удрил. Поднесена е пријава за телесна повреда“, рече Ломели.

Медиумите во САД, пренесоа за инцидентот, тврдејќи дека жената и рекла на полицијата дека Браун ја удрил толку силно во задниот дел од главата, што и испаднале дел од додатоците од главата. Добитникот на „Греми“ награди, се обрати на „Инстаграм“ и напиша дека сето тоа е лага.

Ова не е Крис првпат физички да напаѓа жена. Претходно во 2009 година, тој ја претепа неговата поранешна девојка Ријана, ноќта по доделувањето на „Греми“ наградите.

 

Scroll to Top