(Видео) Торнадо во Чешка: Тројца мртви, срамнети градови и села

Провинцијата во Чешка , Моравија вчера беше погодена од силно невреме проследено со град со големина на тениски топки и исклучително ретко ама силно торнадо.
Досега е потврдена смртта на три лица, а над 200 се повредени. Торнадото погоди неколку градови на југоистокот на Чешка и урна куќи до темел.

Министерот за внатрешни работи Јан Хамачек прогласи вонредна состојба и рече дека може да има мртви. Тој кажа дека во тек е потрага по преживеани, кои се закопани во урнатините.

„Сите расположливи спасувачи се мобилизирани и се на пат кон областа Ходонџин, каде торнадото погоди неколку општини“, напиша Хамачек на Твитер.
Владата размислува да ја мобилизира војската. Австриските и словачките спасувачки служби се очекува да пристигнат за да помогнат.

Чешката новинска агенција  ја цитираше изјавата на градоначалникот Хруски дека торнадото срамнило со земја половина град.

Десетици повредени се примени во болница во Ходонџин откако торнадото кое преврте автобус.
Според Би-Би-Си најтешко погодените места изгледаат како воена зона.

 

Scroll to Top