Кетрин Денев по мозочниот удар се врати во Кан: Се плашев дека веќе никогаш нема да прошетам на црвениот тепих

Легендарната француска актерка Катрин Денев се врати на Канскиот филмски фестивал по мозочниот удар што го имаше во 2019 година. Таа се појави на црвениот тепих на еден од најголемите филмски фестивали во Европа, за премиерата на филмот Peaceful на францускиот режисер Емануел Берко.

Денев (77), која се смета за столб на француската кинематографија, рече дека е пресреќна што е повторно во Кан.

„До последен момент се прашував дали навистина ќе се одржи фестивалот. По мозочниот удар и по короната, навистина не мислев дека некогаш пак ќе се прошетам на црвениот тепих. По сите овие години тука, никогаш не сум била толку трогната како вчеравечер, кога влегов во киното и видов како публиката го поздрави филмот и мене“, рече Денев.

Денев и нејзиниот тим добија овации на црвениот тепих и во киното, по премиерата на филмот. Ова е едно од ретките појавувања на актерката во јавноста, откако се повлече од јавниот живот во 2019 година. Таа беше хоспитализирана во Париз откако претрпе благ мозочен удар и оттогаш поголемиот дел од времето го поминува со семејството.

Scroll to Top