Џилиен Андерсон: Не носам веќе градник, и да ми паднат градите до папок ич не ми е гајле

Актерката Џилиен Aндерсон, која се прослави со серијата „Досиеја Х“, вели дека ѝ е смачено да носи градник и веќе некое време шета слободно, дури и кога оди на јавни настани. Таа го кажа ова во интервју во живо на Инстаграм, каде што одговараше на прашања на фановите.

„Веќе не носам градник. Не можам да носам градник. Жал ми е, ама ич не ми гајле и ако градите ми паднат до папокот. Неудобно ми е со градник, никогаш веќе“, вели таа во изјавата.

Коментарот на Андерсон ги подели фановите, па едни ја поддржаа, но имаше и такви што ја критикуваа и напишаа дека штом се ослободила од градникот, ќе престане целосно да се грижи за изгледот.

https://twitter.com/blnchdubois/status/1414725262873403395?

Scroll to Top