Жена со статив утрово го нападна поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов. Таа сакаше да го удри додека тој даваше изјава пред Националната полиција. За среќа, обезбедувањето и полицијата реагирале навреме.
Полицијата вели дека за да се доближи до Борисов, таа се претставила како новинарка на руски медиуми. Подоцна откриле дека е од Минс и дека е блиска со познатата новинарка и критичарка на партијата на Борисов ГЕРБ, Мирољуба Бенатова.