(Видео) Грците ќе ја градат највисоката зелена зграда

Британска фирма ќе го гради највисокиот облакодер во Грција, наречен Marina Tower. Зградата ќе биде висока 200 метри и ќе биде во близина на Атина. Облакодерот ќе биде покриен со зеленила и ќе стане првата зелена зграда во земјата.

Зградата ќе биде на 45 ката и ќе има 200 станови. Сопствениците ќе имаат убав поглед кон брегот, природно осветлување и природен систем на вентилација. Во план е таа да биде изградена во наредните пет години, со уште други пет високи градби.

Scroll to Top