Скопската Зоолошка градина ќе одбележи 95 години постоење со низа настани. Првиот настап – кино на отворено – ќе се одржи в недела со почеток во 20.30 со проекција на филмот „Пинокио“ во Градскиот парк на „Школка“.
Во текот на наредните месеции се планирани многубројни настани од едукативен и забавен карактер.
„Проекцијата на филмот е замислена како пикник, па секој треба да си понесе ќебенце. Ние ќе обезбедиме вода, сокови и кроасани за посетителите. Филмот ‘Пинокио’, кој беше номиниран во две категории за ‘Оскар’, е од жанрот фамилијарен/фантазија, а влезот за сите посетители ќе биде бесплатен. Се гледаме на ‘Школка’“, соопштија од ЗОО Скопје.