Домашна пилешка супа со лимон

Состојки:

  • 250 гр ситно сечкано месо од бело пилешко
  • 1 кромид
  • 2 моркови
  • 2 целер
  • 3 лимони
  • 1,2 л пилешка супа
  • 1,5 дл павлака за готвење
  • путер
  • сол

Подготовка: Во тенџере стопете малку путер и врз него ставете го месото и зеленчукот, оставете го да отстои околу осум минути. Исцедете го лимонот, па додадете ја пилешката супа во тенџерето. Варете на умерена температура уште 50 минути. Изладете ја супата и измешајте ја во блендер за да добиете мазна кашеста маса. Потоа вратете ја супата во тенџерето и оставете ја да се вари уште малку. Зачинете ја со сол и бибер и додадете го кремот за готвење, а по една до две минути тргнете ја супата од оган. За крај, украсете ја со лисја од магдонос.

Scroll to Top