Пејачот Ар Кели е обвинет дека сексуална злоупотреба на 17-годишно момче кое го запознал во „Мекдоналдс“ во Чикаго во 2006 година, пишува Би-би-си. Според нив, тинејџерот наводно бил амбициозен музичар кому Кели му понудил помош во кариерата, а потоа го навел на сексуална врска.
Аренби музичарот, чие вистинско име е Роберт Силвестер Кели, е во затвор и чека судење речиси две години поради обвиненијата за сексуално искористување деца, поседување детска порнографија, рекетирање и попречување судски постапки. Тој е обвинет и за сексуално вознемирување и злоупотреба на жени, меѓу кои и неколку тинејџерки
Познатиот музичар негираше дека злоупотребувал некого, а неговите адвокати овој пат не ги коментираа обвинувањата..
Обвинителите бараат докази за ова и за другите обвинувања против пејачот и се надеваат дека тие ќе бидат разгледани на рочиштето што е закажано за август. Судот допрва ќе реши дали новите докази ќе бидат разгледани.