Популарната новосадска група „Фрајле“ вечерва од 21 часот ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Ова ќе биде нивни прв настап во Македонија, откако од бендот среде пандемија си замина Марија за да му се посвети на компонирањето, а „Фрајле“ останаа трио.
Девојките, познати по тоа што секогаш прават одлична забава на своите концерти и свирки, и овој пат ќе ги испеат своите авторски песни, но и преработките на најпопуларните ју-хитови, кои се со нивни аранжман.
Организатор на концертот е „Прагма продукција“.