Шакира поради затајување данок може да заврши во затвор

Колумбиската поп-sвезда Шакира би можела да заврши во затвор поради затајување на данок, пренесуваат светските медиуми. Таа би можела да се најде на обвинителна клупа затоа што не платила 14,5 милиони евра данок во Шпанија во периодот меѓу 2012 и 2014 година.

Од државното обвинителство ја обвинуваат дека не плаќала данок додека живеела во Шпанија, повеќе од 183 дена. Доколку не се постигне вонсудска спогодба, таа би можела да се најде во затвор, пренесува „Ла Вангуардија“.

Пејачката негира дека направила било каква даночна измама. Таа се брани дека во тој период била даночен обврзник на Бахамите, а не на Шпанија, и дека само повремено патувала во Шпанија. За потсетување, Шакира е во врска со фудбалерот на Барселона Жерар Пике.

Двајцата имаат две деца, а пејачката тврди дека официјално во Шпанија живее од 2015 година.

 

Scroll to Top