Американскиот глумец Кристофер Мелони (60) познат на публиката како детективот Елиот Стаблер од серијата „Закон и ред“, позираше гол за познатиот магазин Men’s Health. Toj интимните делови ги покри со тег, а од фановите доби само убави коментари.
„Ова е сè . О, да, со години си сè подобар. Случајот е затворен. Оваа фотка ни го поправи денот“, му напишаа тие.
Тој објави уште неколку фотографии на кои влече автомобил и седи во „Спид“ кулачи.
„Задникот ми го доживеа моментот на слава. Тоа беше многу кул“, рече Мелони во интервјуто за магазинот, осврнувајќи се на фотографијата од пред неколку години, направена за време на снимањето на серијата Happy, на која тој е без долна облека.