Басистот Сајмон Галуп ја напушти групата „Кјур“ по 37 години

Басистот на  „Кјур“, Сајмон Галуп, објави дека си заминал од групата по 37 години. Тој својата одлука ја објави на Фејсбук.

„Со тешко срце објавувам дека веќе не сум член на ‘Кјур‘. Со среќа на сите. Добар сум, но се заситив од предавства“, напиша тој и негираше дека си оди од здравствени причини.

Галуп стана член на култниот бенд во 1979 година, брзо откако „Кјур“ го објави деби албумот Three Imaginary Boys. Со нив свиреше на наредните три албуми, но поради несогласувањата со пејачот Робер Смит, си замина во 1982 година. По две години се врати во групата и оттогаш беше постојан член.

„Кјур“ не го коментира јавно заминувањето на Галуп. Но, во 2018 година Смит изјави дека без Галуп групата веќе нема да се вика „Кјур“.

Scroll to Top