Светскиот пејач Роби Вилијамс, во разговор со водителот Крис Дифорд, во поткастот I Never Thought it will happen, се потсети на своите најтешки моменти во својот живот и на почетокот на неговата музичка кариера.
Вилијамс откри дека на 16 години, кога им се приклучил на мегапопуларната група Take That, тој се борел со тешка депресија и анксиозност. Тогаш не знаел да се носи со славата и не уживал во успехот. Тој вели сопругата и семејниот живот му помогнале да го подобри неговото ментално здравје.
„Не можев да издвојам ниту една убава работа за себе. Се мразев себеси. Најголемите успеси во мојата кариера беа обележан со мрачна депресија и длабоки тегоби. И ништо од тоа не ме правеше среќен“, призна пејачот и додаде дека целот искуство не му било згодно.
„Тој факт ме правеше длабоко несреќен, затоа што добив златна карта“, раскажа Вилијамс, кој во 1995 година го напушти бендот.
Тој истакна дека за неговата моментална ментална состојба придонеле неговата сопруга и семејниот живот.