Саемот на книга ќе се одржи во септември на отворено кај СЦ „Борис Трајковски“

Саемот на книга оваа година започнува на 8 септември, а ќе трае до 14 септември. Саемот ќе се организира на отворено, непосредно до Аква паркот кај А1 Арена „СЦ Борис Трајковски“.

– Искуството од лани покажа дека со почитување на мерките, Саемот за книга може да се одржи во добар ред и со одлична промоција на наслови. При тоа Скопје покажа дека Саемот на книга му е неопходен како еден вид духовна храна каде читателите може да ги изберат своите омилени парчиња, велат организаторите на настанот.

Годинашното мото на Саемот на книга е „Безбедни саеми“, а настанот е поддржан од Министерството за култура.

Scroll to Top