(Видео) Како Французите протестираат против ковид пропусниците, рестораните полупразни, а се руча и пие по улиците

Голем број луѓе во знак на протест против воведувањето на ковид пропусниците за ресторани, кафулиња и другите јавни простори, излегле и седнале да ручаат и пијат по улиците.

На снимките кои биле направени од случајни минувачи, се гледа како луѓето седат во групи на тротоар и шеталиштата во Франција, додека објектите околу нив, главно биле празни.

Луѓето си донеле ќебиња, пијалоци, но и корпи со храна, па во пријатен амбиент среде шеталиштата го поминуваа времето со своите пријатели и семејства.

Снимката е објавена на „Твитер“ и истата предизвика големо внимание.

„Ова е Франција. Еве како луѓето протестираат против зелените пасоши“, пишува на истата.

За потсетување, илјадници француски демонстранти веќе шест викенди едноподруго, протестираат поради здравствените пропусници кои ги наметнала владата и кои, како што порачаа, со истите им се загрозува слободата.

Пропусниците која е проширена верзија на патната карта низ Европската унија за ковид 19, стапи на сила од 9 август и е задолжителна за пристап на сите јавни простори.

Здравствената пропусници им дозволува пристап на меѓуградските возови и авиони, само на вакцинираните и луѓето кои можат да докаат дека имаат негативен тест на коронавирус.

Со пропусницата се потврдува дека луѓето целосно се вакцинирани, дека имаат негативен тест на ковид 19 или дека од неодамна ја прележале оваа болест. Според законот кој е воведен, предвиден е рок за здравствените работници до 15 септември, тие да се вакцинираат или во спротивно ќе бидат суспендирани.

Здравствената пропусница за ковид 19 од сега е задолжителна за пристап во рестораните и кафулињата и културните и спортски манифестации и патувања.

Scroll to Top