Ограбувачи на една банка во Бразил, ги врзале заложниците на покривот од колата и ги искористиле како жив штит додека им бегале на полицијата. Видео од бегството е објавено на социјалните мрежи, а локалната полиција соопштила дека во грабежот се убиени три лица.
Меѓу нив бил и еден од ограбувачите, пишува „Би-би-си“. Официјални лица велат дека во грабежот учествувале повеќе од 50 лица, а некои од нив ги блокираше патиштата со запалени автомобили и поставувајќи експлозиви низ целиот град.
Na fuga, os reféns foram amarrados nos veículos. Tentativa de impedir qualquer contra-ataque da polícia ao grupo. Deus guarde essas pessoas e todos de Araçatuba. Todas as agências bancárias do centro foram invadidas – informações preliminares. pic.twitter.com/lu0hBlcTCu
— Yuri Macri (@yurimacri) August 30, 2021
Во последната година дена, во Бразил се случуваат често грабежи на банки, а заложниците се користеле како живи штитови. Градоначалникот на градот Аракатуба, Диладор Боргес, рече дека полицијата е немоќна да се справи со ваквите грабежи.
„Полицијата не може да тргне во напад, не може да им се спротистави затоа што се загрозени премногу животи“, рече тој за „Банд ТВ“.
Боргес дополни дека не знае дали ограбувачите ги ослободиле заложниците, но, рече дека безбедносните сили повторно превземале контрола во центарот на градот.
Aflição total, meu Deus, oremos por todas essas pessoas que estão sendo feitas de reféns nesse mega assalto aqui em Araçatuba 😭😭😭 #Araçatuba #OremPorAraçatuba pic.twitter.com/lBo4Ti2rk0
— thales (@thalespatrizzi) August 30, 2021
Тој додаде дека школите ќе бидат затворени од оваа недела, а ги повика сите да останат дома и предупреди на опасноста од бомбите поставени низ градот. По грабежот, бандата земала голем број заложници и ја опколила локалната станица на воената полиција.
Некои членови на бандата исто така ги блокирале клучните пристапни патишта во градот. Новинарот Јури Макри, објавил видео на кое се гледаат два автомобили кои разбојниците ги користеле за да избегаат. На едното се гледа човек врзан на кровот, а на другото на хаубата.
Многу луѓе сведочеле дека слушнале многу пукотници и експлозии.