Ниту попладневната бура со грмотевици не ја спречила огромната група голи луѓе да учествуваат на филаделфиското возење велосипеди, настан што ја слави убавината на различностите на сите тела.
Ваквиот настан се одржува во Филаделфија уште од 2009 година повикувајќи ги луѓето да се соблечат и да возат велосипед. Учесниците често ги украсуваат своите голи тела со шарена боја или други креативни додатоци.
Организаторите одлучни во намерата за да успее годинешното возење откако пандемијата лани им ги наруши плановите.
За да се придржуваат до градските прописи против Ковид-19, тие ја усвоиле мантрата „соблечи ја облеката, стави маска“ и се чини дека повеќето учесници се придржувале до овие правила.
Велосипедистите се собра во саботата на појдовната точка во Глендининг Рок Гарден за да се соблечат и да нанесат бои на своите тела. Тие го следеле водичот на рутата, која минувала низ многу места, а завршила во близина на паркот „Матијас Болдвин“.