Вчера вечер беше ставена пломба и затворен кафе барот „Интермецо“ во скопската населба Капиштец. Причината била непочитување на ковид мерките.
Забавата била прекината за време на насапот на познатиот диџеј Роџер Санчез, кој вчера вечерта пушташе музика, а на забавата имаше многу гости.
Се играше и пееше и никој не одржуваше дистанца. Сите се туркаа одблизу за да го снимат диџејот. Сето ова се случуваше во време кога расте бројот на заразени со ковид 19.
Во заедничка акција на Општината Центар, МВР и Државниот пазарен инспекторат, било утврдено дека по 22 часот во кафулето се направило голема гужва и не се почитувале препораките. Журката била прекината и кафулето затворено.
Ова не е првпат кафулето да биде затворено. Лани во октомври, доби забрана за работа од 30 дена поради пуштање гласна музика, но, сопствениците си ја тргнаа пломбата и уште наредниот ден продолжија да работат.
Иако постојано добива казни и веќе неколку пати беше затворан, редовно по отворањето продолжува со организирање забави спротивни на протоколите.
Последниве две недели, посебно на социјалните мрежи, се споделуваа видеа од кои се гледа дека не се почитува ниту дистанца ниту пак се внимава колку е исполнет објектот.