(Видео) На руски политичар среде дебата му паднаа панталоните

Рускиот политичар Владимир Жириновски доживеа пех за време на телевизиската рапсрава во пресрет на парламентарните избори во Русија. Додека зборуваше за иднината на земјата, за тоа како треба да се однесува модерниот избирач, на Жириновски му паднаа панталоните.

За среќа, тој навреме успеа да ги фати и како ништо да не се случило продолжи да зборува. Од Либерално-демократската партија на Русија го коментираа овој инцидент и сметаат дека злобниците го искористиле овој кадар како црн пиар.

Сепак, тие сметаат дека авторитетот на Владимир Жириновски е пресилен и дека нема начин на кој може да се извалка во неговата изборна кампања.

Scroll to Top