Фала ти за сè тренеру, Перо Антиќ се збогува од Дуда со кого ја освои Евролигата

Првиот човек на македонската кошаркарска федерација, Перо Антиќ, се прости од легендарниот тренер Душан Ивковиќ, кој почина во болницата во Белград. Ивковиќ почина како последица од вода во белите дробови. Тој предводеше голем број тимови и освои многу титули, а му беше тренер и на Перо Антиќ во Олимпијакос.

Двајцата ја освоија Евролигата. Одлично соработуваа и останаа во комуникација и по разделбата од Турција. Ивковиќ беше и гостин во Скопје во првиот мандат на Атниќ како претседател на кошаркарската федерација. Тој беше дел од тренерската клиника.

Почина легендарниот кошаркарски тренер Душан Ивковиќ

 

Scroll to Top