Бројот на стогодишници во Јапонија достигна највисоко ниво откако се води оваа евиденција. Јапонија, која од сите земји на светот има најголем број на луѓе кои имаат повеќе од 100 години во однос на вкупниот број на жители, оваа година постави нов рекорд.
Заклучно со 15 септември, во оваа земја има 86.511 лица со повеќе од 100 години, пренесуваат јапонските медиуми. Во островската држава со 125,5 милиони жители, во однос на минатата година, забележан е раст од 6060 граѓани со повеќе од 100 години.
Јапонија по апсолутен број на стогодишници, традиционално е на второто место во светот зад САД, но, затоа што има значително помалку жители од нив, убедливо води на листата по процент на стогодишници во популацијата.
Бројот на стогодишници во Јапонија непрекинато се зголемува веќе 51 година, од 1970, кога ги имало само 310. Причината за тој мал број, покрај фактот дека популацијата на крајот на 19 век била значително помала од сега, треба да се бара и во големиот број на природни и општествени несреќи кои се случиле во првата половина на 20 век.
Потоа исто така тука е и налетот на туберколозата и шпанската грозница, како и повеќето случаи на масовен глад, но и големиот број на загубени животи во Втората светска војна.
По долговечноста особено е познат во светот јапонскиот остров Окинава. Во него, веќе девет години по ред, според бројот на стогодишници на 100.000 жители води крајбрежната префектура Шимане со 13.475. Местото се наоѓа на северозападниот дел од највисокиот јапонски остров Хонша, недалеку од Корејскиот Полуостров.
Дури 88% од стогодишниците во Јапонија се жени, односно 76.450. Моменталниот рекорд во земјата го држи Кана Танака, од градот Фукуоке. Таа на 13 септември наполни 118 години и официјално се смета и за најстарата личност на светот според Гинесовата книга на рекорди.
Најстариот маж во Јапонија е Микизо Уеда од Наре, кој има 111 години. Јапонија е нација со најстари жители во светот, откако во 2020 година дури 29% од јапонската популација биле луѓе на возраст од 65 или повеќе години, што е поткрепено со децении низок наталитет.