Стефан Петрушиќ, победникот од петтата сезона на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“, стана татко. Неговата сопруга Марија роди син, на кого му го дадоа името Павле.
Стефан ги сподели убавите вести и објави фотографија од Марија и Павле.
„Моите два херои. Фала ти на најубавиот подарок кој можеше да ми го дадеш. Ве сакам“, напиша Стефан.
За потсетување, Стефан и Марија се венчаа во мај годината, во храмот Свети Сава. Стефан стана познат во јавноста по неговите настапи во „Ѕвездите на Гранд“ во 2010 година, а по победата сними и албум и дует со Гоца Тржан. Денес работи и како пејач, но и како адвокат.