Ерменскиот претставник на Евровизија од 2007 година, Хаико Хакобјан, почина од коронавирус. Тој ја претстави земјата со песната Anytime You Need и заврши на осмото место. Влезот во топ 10 на Евровизија, беше само дел од неговите бројни успеси во кариерата.
Хаико беше прогласен за најдобар пејач на Ерменското национално доделување на наградите во 2003 и 2006 година. Пред пет години беше и претседател на жирито на својата земја на Евровизија која тогаш се одржа во Стокхолм. На социјалните мрежи го следеа преку 60.000 луѓе.
За потсетување, во Ерменија од почетокот на пандемијата имаше повеќе од 260,000 случаи заразени со коронавирусот, а починаа повеќе од 5.000 луѓе.