Супермоделот Ирина Шајк е една од најголемите sвезди што присуствувале на реализација на изложбата „Тиери Муглер: Кутурисим“ во Париз, претставена паралелно со Модната недела.
Шајк за таа пригода носеше необична облека. Носеше тесен фустан од оваа модна куќа, футуристички модел, кој ги нагласува половината, колковите и нозете.
Станува збор за дизајн инспириран од рибина опашка, корсетот е прилично сличен со раширени крилја на пеперутка, а фустанот е целосно покриен со треперливи и шарени детали.
Самиот раб завршува со краток шлеп, што е поубав и полесен од остатокот од фустанот, а Ирина облекла и проѕирни црни ракавици.