(Фото) Ирина Шајк дојде во рибина опашка на изложба во Париз и беше најозборуванта личност на настанот

Супермоделот Ирина Шајк е една од најголемите sвезди што присуствувале на реализација на изложбата „Тиери Муглер: Кутурисим“ во Париз, претставена паралелно со Модната недела.

 

Шајк за таа пригода носеше необична облека. Носеше тесен фустан од оваа модна куќа, футуристички модел, кој ги нагласува половината, колковите и нозете.

Станува збор за дизајн инспириран од рибина опашка, корсетот е прилично сличен со раширени крилја на пеперутка, а фустанот е целосно покриен со треперливи и шарени детали.

Самиот раб завршува со краток шлеп, што е поубав и полесен од остатокот од фустанот, а Ирина облекла и проѕирни црни ракавици.

Scroll to Top