Утринава силен земјотрес со магнитуда од 4,6 степени по Рихтер ја погоди Хрватска со епицентар во Јабука во регионот Цетина. И покрај стресот некои од жителите решија да се пошегуваат на своја сметка.
Познатиот хрватски хармоникаш Марино Франчишевиќ од Сплит беше меѓу првите кои напишаа духовита објава на Фејсбук.
„Дури и мојата сопруга се увери дека 8 секунди е долго време“, напиша тој.
„Вие сте среќен човек, јас се разведов поради 15 секунди“, стои во еден од коментарите на неговата објава.
Земјотресот во Далмација нанесе и материјална штета во некои делови од регионот.