Дури и жена ми се увери дека 8 секунди е долго време: Хрватите се пошегуваа на своја сметка по денешниот земјотрес

Утринава силен земјотрес со магнитуда од 4,6 степени по Рихтер ја погоди Хрватска со епицентар во Јабука во регионот Цетина. И покрај стресот некои од жителите  решија да се пошегуваат на своја сметка.

Познатиот хрватски хармоникаш Марино Франчишевиќ од Сплит беше меѓу првите кои напишаа  духовита објава на Фејсбук.

„Дури и мојата сопруга се увери дека 8 секунди е долго време“, напиша тој.

„Вие сте среќен човек, јас се разведов поради 15 секунди“, стои во еден од коментарите на неговата објава.

Земјотресот во Далмација нанесе и материјална штета во некои делови од регионот.

Scroll to Top