На „Тик-ток“ се шири нов предизвик, потенцијални жртви се возачите

Социјалната мрежа „Тик-ток“ изобилува со секакви предизвици, кои може да бидат крајно опасни. Еден од нив е најновиот предизвик Lug Nut Challenge, кој за кратко време се прошири на оваа плаформа.

Идејата е да изберете автомобил по случаен избор и да му ги олабавите навртките на тркалото, а потоа да снимите што ќе се случи.

Сепак, предизвикот, покрај тоа што е опасен за сообраќајот, тој е нелегален и поради него може кривично да се одговара, па дури и со затворска казна. Во САД веќе има огромен број случаи во кои биле олабавени навртките на тркалата, но, за среќа, досега не се пријавени сериозни несреќи. Со ваков проблем се соочил возач од Масачусетс кому му отпаднало тркалото додека возел.

Претставник на локалната влечна служба за News 22 изјави дека ова е исклучително опасен предизвик, кој може да заврши трагично. Тој додаде дека во последно време има сè повеќе случаи во кои добиваат повици од загрижени возачи кои навреме ги забележале разлабавените навртки.

Најзагрижени, пак, се наставниците, кои се плашат дека некој од учениците може намерно да им ги олабави навртките на тркалата.

Во моментот на сите им се советува да ги проверат сите тркала на возилото пред да возат.

Scroll to Top