Дваесетгодишна девојка, чиј идентитет засега не е познат, во понеделникот скокнала во еден од изворите што се наоѓаат во Националниот парк Јелоустон за да го спаси своето куче. Водата во овие извори достигнува и до 90 Целзиусови степени, па девојката добила тешки изгореници.
Татко ѝ успеал да ја спаси и таа веднаш била однесена во болница. За жал, не успеале да го спасат кучето, кое им избегало од автомобилот, пренесува „НБЦ њуз“.
Според службите во паркот, во Јелоустоун има околу 10.000 хидротермални извори, од кои повеќе од 500 се гејзери. Досега во паркот во незгоди починале повеќе од 20 лица.