Седумдесетгодишниот глумец Мајкл Китон по 30 години повторно ќе биде во улогата на суперхеројот Бетмен, во филмот The Flash, кој во моментов се снима. Китон призна за новата улога во емисијата на водителот Стивен Колберт.
Тој призна дека и по 30 години може да влезе во оделото на суперхерјот.
„Тоа веќе го направив“, рече Китон и објасни дека сè уште му одговара бројот.
За потсетување, Мајкл Китон го играше Бетмен во истоимениот филм на режисерот Тим Бартон од 1989 година, како и во остварувањето на „Враќањето на Бетмен“ во 1992 година.
Глумецот потоа го замени неговиот колега Вал Килмер во филмот „Бетмен засекогаш“, од 1995 година.