Поранешниот басист на легендарната поп-група „Пинк Флојд“, Роџер Вотерс се ожени по петти пат. Тој се венчаше со Камила Чавис на 78 години на неговиот имот во Њујорк.
Со Камила се запознал за време на неговите свирки, кога Камила го возела до хотелот. За првпат се појавија заедно на црвениот килим во 2019 година на Венецискиот филмски фестивал.
Ова е негов петти браќ и вели дека пресреќен. Засега не е познато дали потпишале предбрачен договор. За потсетување, имотот на Роџер е проценет на повеќе од 310 милиони долари.
Последната сопруга на Роџер беше Лаура Дурнинг, од која се разведе во 2015 година. Пред неа тој имаше уште три брака, а има и три деца.