Експертите во Хрватска предупредуваат за огромниот отпад што завршува во Јадранското Море. Тие велат дека секој квадратен метар од морето е преполно со отпад. Тие откриле 700 морски видови што биле погодени од големата количина пластика во морето.
Според постојните податоци, се проценува дека 9 од 10 птици што живеат во морето, 1 од 3 морски желки и повеќе видови китови изеле дел од пластиката во морето.
Повеќето од пластиката што стигнува на дното остава драматични последици врз животот во него, предупредуваат експертите. Тоа може да резултира со смрт за повеќето возрасни единки и младенчиња.
Експертите проценуваат дека секоја година во морето и океаните се фрла 12,7 милиони тони пластика или пластично објаснето – тоа би значело еден камион на секоја минута да фрла пластика во водата. Медитеранот и Јадранското Море како дел од него се едни од најзагрозените подрачја. Според процените, во него секоја година завршуваат повеќе од 200.000 тони пластика.
„Денес, немате квадратен метар на морското дно во Јадранот, а да нема отпад. Ситуацијата е исклучително алармантна. За несреќа, ѓубрето доаѓа и од илегални ѓубришта од Албанија, но ни канализацијата во Хрватска не е на ниво на онаа во Европската Унија. Јадранот полека станува депонија за отпад“, рече професор доктор Петар Кружиќ од биолошкиот отсек при Природно-математичкиот факултет во Загреб.