На „Редит“ се појави фотографија од едно кафуле во Србија кое тврди дека го служи најдоброто кафе, затоа што го подготвуваат луѓе со факултет.
Рекламата предизвикала различни реакции. За едни таа е смешна, а за други нефер и некоректна.
„Бедно на повеќе нивоа, а најголемото е дека маркетинг-тимот/сопственикот на овој локал мислел дека оваа толку духовита досетка треба да се стави како реклама “, велат на социјалните мрежи.
Некои рекле дека проблемот со преквалификуваната работна сила е резултат на тоа што луѓето завршуваат бесмислени и непотребни факултети.