Рекламата на кафуле во Србија, „кај нас кафето е најдобро оти го прават луѓе со факултет“, предизвика револт

На „Редит“ се појави фотографија од едно кафуле во Србија кое тврди дека го служи најдоброто кафе, затоа што го подготвуваат луѓе со факултет.

Рекламата предизвикала различни реакции. За  едни таа е смешна, а за други нефер и некоректна.

„Бедно на повеќе нивоа, а најголемото е дека маркетинг-тимот/сопственикот на овој локал мислел дека оваа толку духовита досетка треба да се стави како реклама “, велат на социјалните мрежи.

Некои рекле дека проблемот со преквалификуваната работна сила е резултат на тоа што луѓето завршуваат бесмислени и непотребни факултети.

Scroll to Top