И покрај тоа што „Блумберг“ процени дека серијата Squid Game на „Нетфликс“ остварил добивка од 900 милиони долари, нејзиниот творец, Хванг Донг-Хук вели дека се нема ич збогатено. Тој дури се пожали дека изгубил шест заби од стрес, додека ја снимал серијата.
За потсетување, за снимањето на серијата биле потрошени само 21,4 милиони долари, пренесува „Би-би-си“. Тој вели дека во споредба со освоените 36 милиони долари, како добивка од победата на дистопијските игри во неговата серија, сепак тој не е толку богат.
„Имам доволно за да ставам храна на масата. И „Нетфликс“ не ми плати никаков бонус. Ми плати онолку колку што се договоривме“, рече тој за „Гардијан“ и додаде дека за време на снимањето поради силниот стрес изгубил шест заби.
„Беше физички и ментално исцрпување, но, постојано добивав нови идеи на снимањето па работата се зголемуваше“, рече тој.
„Вол стрит џрнал“, претходно извести дека Хванг за време на пишувањето на сценариото за серијата живеел со неговата мајка и баба и дека имал финансиски потешкотии. Во еден момент престанал да го пишува сценариото за серијата, затоа што морал да го продаде својот лаптоп за 675 долари, затоа што парите му биле потребни.
Платформата за стриминг „Нетфликс“ ги удвои бројот на претплатници во третото тримесечие благодарение на сериите од неанглиско говорно подрачје, меѓу кои се издвои и јужнокорејскиот хит Squid Game, која беше најгледана серија по премиерата во септември.
View this post on Instagram
Хванг за IndeWire рече дека серијата е темел на проблемите во светот, вклучувајќи ја економската криза во Јужна Кореја која влијаела и на него. Иако успехот на серијата не е доведен во прашање, запрепастува фактот дека студиото дури 10 години ја одбивала приказната, која изворно била напишана како филм, затоа што концептот бил премногу гротексен и премногу нереалистичен.
Во моментов се водат разговори за снимање на втора сезона, но, Хванг вели дека не е воодушевен од таквата идеја. Претходно за Hollywood Reporter рече дека поради стресот во првата сезона изгубил шест заби.
„Немам добро разработени планови за Squid Game 2. Прилично е заморно да размислувам за тоа. Кога би се нафатил, сигурно не би го работел сам. Размислувам да искористам соба за писатели и би сакал да видам повеќе искусни режисери“, рече Хванг за магазинот Варајети.