(Видео) Студентка ја прескокна оградата кај мечките во скопската зоолошка, ги малтретира додека мајка ѝ ја снима

Студентка од Факултетот за безбедност ја прескокнува оградата кај мечките и ги вознемирува животните во скопската зоолошка, а видеото го објави на Тик-ток. Директорот на Скопје ЗОО, Ѓорѓи Галетановски, за „Репортер“ вели дека нејзиното однесување е недозволиво, а случајот го пријавиле во полиција.

„Кога дојдов во зоолошката ги кренавме оградите на живеалиштата, но ни тоа некогаш не е доволно. Девојката била со мајка ѝ, која ја снимала. Скопската зоолошка не сноси никаква одговорност ако некој посетител самоволно прескокне ограда или ги малтретира животните“, ни рече Галетановски.

Девојката, за која од зоолошката велат дека е извесна Мила, студент по криминологија на Факултетот за безбедност, претходно сама го споделила видеото на Тик-ток.

„Доаѓа во Зоо Скопје да се изживува врз животните и си го ризикува животот. Таа ќе добие соодветна пријава бидејќи ваквото однесување е недозволиво“, велат од зоолошката и бараат јавно извинување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopje ZOO (@zoo_skopje)

Scroll to Top