Со исфрлање на четири продукти од исхраната, ќе бидете фит до Нова година, тврдат нутриционистите

Ако во последно време сте се здебелиле некој килограм повеќе, не грижете се. Со неколку корекции во исхраната, до Нова година линијата ќе ја доведете до совршенство.

Нутриционистите тврдат дека само треба да исфрлите четири намирници од исхраната и килограмите сами ќе почнат да се топат. Патот до витка линија е многу полесен отколку што мислите. Потребно е само строго да се придржувате до правилата.

Не ни помислувајте на овие намирници во наредниот период:

1. Пржена храна

Јасно е дека пржената храна е првата ставка која треба да ја отстраниме од менито доколку сакаме витка линија. Транс мастите го поттикнуваат дебелеењето, а исто така предизвикуваат складирање на маснотии од другите делови на телото во пределот на стомакот.

2. Бело брашно

Сите производи од бело брашно губат хранливи материи и влакна при обработката, па затоа не се сојузници на витката линија. Доколку се јадат во големи количини, доведуваат до дебелеење и задржување на водата. Замена за овие производи се оние направени од цели зрна.

3. Житарици полни со шеќер

Многу дами кога започнуваат диета ја прават истата грешка која нема никакви резултати. Повеќето луѓе одлучуваат да го заменат вообичаениот појадок со мусли или гранола, но забораваат да ја прочитаат декларацијата на производот. Повеќето од нив содржат скриени шеќери и масти кои имаат контра ефект. Најдобро е да се изберат чисти житарки без никакви адитиви.

4. Газирани пијалаци

Тие се најголемиот извор на празни калории. Го полнат телото со голема количина калории, а немаат никаква хранлива вредност. Поголема е веројатноста да се здебелите ако редовно пиете сокови.

Scroll to Top