Објавен е новиот трејлер за еден од најдолго очекуваните филмови за оваа година, „Куќата на Гучи“ со Лејди Гага во главната улога.
Филмот е направен според вистинската приказна за Патриша Реџани, која станува дел од семејството Гучи и се обидува да се вклучи во семејниот бизнис иако нејзиниот сопруг и неговиот татко се против тоа. Реџани чија улога ја толкува Лејди Гага, важи за најконтроверзна личност во модната индустрија. Во 1995 година таа беше осудена на 29 години затвор за убиството на нејзиниот сопруг, внук на основачот на модната куќа Гучи.
Покрај Гага, во останатите улоги се јавуваат и Адам Драјвер, Џаред Лето, Џереми Ајронс, Ал Пачино и Салма Хајек. Сепак, пејачката освои најголем борј позитивни коментари и критики за нејзиното најново филмско остварување.
„Гага е толку природна што дури и забораваш дека глуми“, „Таа навистина ја отелотворува улогата “, „Ова ќе биде одлично. Гага, ти си кралицата“, „Таа е на повисоко ниво. Кога таа ја играше Али, можев да ја видам сенката на самата Гага во глумата, но ова, ова е Патриција“, „Гага дефинитивно ќе добие Оскар за оваа улога”,„Импресивно“, „Знаеме кој ќе добие Оскар“, „Ова е одлично“, се само дел од коментарите за пејачката.
Филмот е во режија на Ридли Скот, а многумина предвидуваат дека ќе биде еден од најголемите филмски хитови оваа година. Премиерно ќе започне да се прикажува во кино на 25 ноември.