Старомодна торта која лесно се подготвува.
Состојки:
- 5 јајца
- 300 гр шеќер
- 2 дл јогурт
- 1,5 дл масло
- 270 гр брашно
- 1/2 кесичка прашок за пециво
- 400 – 500 гр цреши
- шеќер во прав
- ванилин шеќер
Подготовка: Одделете ги белките од жолчките. Со миксер изматете ги белките додека да добиете густа смеса, а потоа постепено додавајте шеќер и уште малку промешајте. Додадете ги жолчките, па полека измешајте ги со шпатула.
Постепено додавајте ги останатите состојки (јогуртот, маслото, брашното и прашокот за пециво) и полека соединете ги со белките. Кога смесата ќе стане хомогена, истурете го во претходно подмачкан и набрашнет плех за печење. Додадете ги вишните во неа, така што ќе ги потопете малку во тестото, но не многу.
Тортата ставете ја во рерна загреана на 200 степени да се пече, а потоа намалете ја температурата на 180 степени. Оставете да се пече околу 40 минути.
Изладениот колач посипете го со шеќер во прав, промешан со ванилин шеќер, а потоа исечете го на коцки.