Георгина позираше со децата на преглед и за два часа доби над два милиони лајкови

Партнерката на најдобриот фудбалер на светот Кристијано Роналдо, Георгина, позираше за време на прегледот на бременоста и за два часа доби повеќе од 5.000 лајка. Таа на Инстаграм објави фотографија со нејзините деца додека ѝ правеа ултразвук.

„Нетрпеливи“, напиша таа од ординацијата.

Децата седеа и чекаа Георгина да заврши, а над нив се гледа снимката од ултазвукот. Роналдо и Георгина чекаат близнаци, машко и женско. Георгина на објавената снимка собра повеќе од два милиони лајкови и голем број коментари, а меѓу нив беше и Роналдо.

Тој и испрати емоција со молитва, која му ја лајкуваа повеќе од 4.600 луѓе.

За потсетување, Георгина во четвртокот минатата недела на 28 октомври со Роналди потврди дека повторно е бремена.

„Се радост сакаме да ви откриеме дека чекаме близнаци. Срцата ни се полни со љубов и не можеме да дочекаме да ве запознаеме“, објави Роналдо со фотографијата од снимката од ултразвукот.

Ова ќе бидат вториот пар на близнаци во семејството на Ронало. Тие во 2017 година ја добија ќерката Алана Мартина, а заедно се грижат и за трите деца што Роналдо ги има од сурогат-мајка – Кристијано Јуниор и близнаците Ева и Матео.

„Мојата желба за мајчинство е посилна од било кога. Се надевам дека ќе имам уште деца“, рече таа минатата година.

 

 

Scroll to Top