Сулејман и Шехерзад станаа родители третпат

Популарната турска двојка Бергузар Корел и Халит Ергенч, познати како Сулејман Величествениот и Шехерезад, станаа родители третпат. Тие ја добија ќерката Лејла.

Корел и Ергенч, познати по улогите во серијата „1001 ноќ“, засега не се огласиле за убавата вест. За потсетување, тие се во брак од 2009 година, а покрај Лејла, ги имаат и синовите Али и Хан.

За третата бременост Бергузар дознала на снимањето на серијата „Кнали Јаји“. Двојката ја сподели среќната вест летоска на „Инстаграм“.

Тие организираа и забава на која на сите им кажале дека чекаат девојче. Шехерезад објавила фотографија од торта со украс во облик на бебе со розов венец.

 

„Откако не бев на малите екрани три години, за време на неколкумесечната подготовка за улогата во серијата Кнали Јаји, дознав дека сум бремена. Иако бременоста не ме спречи да го продолжам проектот, сепак моравме да го одложиме снимањето поради физичките промени, тие не се соодветни за мојот лик“, напиша тогаш актерката на социјалните мрежи.

Scroll to Top