Познатиот актер Вил Смит во своите мемоари откри дека сакал да го убие својот татко. Тој неодамна ги објави под името „Вил“, а во еден дел искрено зборуваше за мрачните моменти кога сакал да му се одмазди на татко му за насилството кое го трпела неговата мајка.
„Кога имав девет години го гледав татко ми како ја удира мајка ми. Толку силно ја удри во главата што таа падна. Видов како плука крв“, напишал Вил во мемоарите кои ги објави People.
Родителите на Вил Смит се развеле набрзо потоа, а актерот рече дека татко му бил и алкохоличар. Но и покрај тоа тој секогаш кога доаѓал на неговите премиери и настапи да ја слуша неговата музика бил трезен.
Најтешкиот момент на Смит му бил периодот додека се грижел за татко му кој боледувал од рак и бил во инвалидска количка.
„Една вечер ја возев количката од неговата соба до бањата. На пат поминавме покрај скалите и тогаш застанав. Се разбуди во мене желбата да се одмаздам за сè што ѝ направи на мојата мајка“, рече Вил и се посети какви се мисли му дошле во тој момент.
„Си помислив колку лесно можев да се извлечам ако го турнам низ скалите. Децениите ме болеа, лутината и замерките ме преплавија, но потоа се повлекоа. Ја потресов главата и го однесов татко ми во бањата“, раскажа актерот.
Таткото на Смит починал во 2016 година, а Вил на крајот рече: „Нема ништо во материјалниот свет што може да ти го даде она внатрешно чувство на исполнетост. На крајот, нема да ти биде важно колку луѓето те сакале, вистинската насмевка ќе измами љубов која ти си им ја дал“.
Тој на „Инстаграм“ откри дека книгата ја напишал пред две години и дека за тоа време доживеал разни чувства.
„Многу плачев. Немав поим што правам. Никогаш не бев толку ранлив“, напишал Вил во мемоарите.