Поранешниот пејач и основач на британската група UB40, Теренс Вилсон познат и како Астро, почина на 65 годишна возраст. Тој почина по кратко боледување, а тажната вест ја објави неговата група. Тој до 2013 година настапуваше со UB40, a потоа формираше нов бенд.
Астро беше познат по песните Red Red Wine и Can’t Help Falling in Love.
„Потресени сме од загубата на нашиот драг Астро, која почина по кратко боледување. Светот повеќе нема да биде ист без него“, напиша на Твитер и Инстаграм неговата сегашна група наречена UB40 featuring Ali Campbell & Astro.
Тие беа познати по песните Red Red Wine и Can’t Help Falling in Love. Песната на Нил Дајмонд, Red Red Wine, го лансираше UB40 на врвот на популарноста со повеќе од 100 милиони продадени плочи. Името на групата основана во Бирмингем во 1978 година всушност значи британските формулар за невработени, т.е „Unemployment Benefits, Form 40“.
Тапанарот Џими Браун оваа година за „Гардијан“ изјави дека британското разузнавање ја прислушувало и ја следело групата.
„МИ5 ги прислушуваше нашите телефони и ги надгледуваше нашите куќи. Не подготвувавме револуција, но да се случеше, ќе знаевме на која страна ќе бидеме“, рече тој.