Познатиот авантурист Бер Грилс го натерал принцот Џорџ да јаде мравки

Славниот авантурист Бер Грилс, го натера принцот Џорџ да изеде мравки и ја згрози јавноста. Тој во емисијата „Добро утро Британијо“, зборуваше за тоа како се запознале. Бер појасни дека Кејт Мидлтон побарала од него да се дружи со син ѝ кој е голем обожавател на неговата емисија.

„Разговаравме и во еден момент цела армија мравки почнаа да одат по неговото стапало. Двајцата ги гледавме и му реков: ‘Ајде да изедеме една’. Тоа беше привилегија за мене да му ја дадам на идниот крал првата мравка. Очите му блеснаа како и на сите кои ќе се соочат со првиот страв и ќе го надвладат. Тоа беше добро за него, тоа е само витамин Ц“, рече Бер.

Гледачите пак го осудија овој негов потег и на „Твитер“ м рекоа дека тој веќе е познат по неговото злоставување на животните.

„Бер Грилс го учи идниот крал како да лови, убива и јаде мали животни од чиста забава? Одвратно и злобно“, му напишаа тие.

Бер особено се најде на мета на активистите за права на животните во 2015 година, кога ПЕТА се огласи со соопштение за неговото шоу The Island With Bear Grylls, во кое беше прикажано колењето на свињите.

 

Scroll to Top