Полицијата сè уште го истражува случајот со убиството на снимателката на филмот „Рѓа“, Халина Хачинс и како во пиштолот со кој пукал Алек Болдвин се нашле вистински куршуми.
Серџ Светној, човекот задолжен за осветлувањето го смета холивудскиот глумец за одговорен и сега поднел и тужба против него и продукцијата. Тој вели дека бил само неколку метри од него кога се случила трагедијата.
Тој го тужи Болдвин за неодговорно однесување затоа што не го проверил пиштолот и не видел дека во него имало виситнски куршуми пред да го користи. Светној тврди дека Болдвин требало да го провери без разлика на тоа што станувало збор за пиштол реквизит.
Тој ги обвини и продуцентите за неадекватна подготовка, за кратење на трошоците и лошите работни услови кои довеле до тоа да се случи трагедијата. Полицијата засега најсериозно го истражува помошникот на режисерот, Дејв Халс, човекот кој му го дал пиштолот на Болдвин.
Тој му рекол дека внатре нема вистински куршуми, а ни самата оружарка Ханах Гутиерез Рит, тврди дека не знаела како на сетот дошле вистински куршуми. Таа тврди дека некој во пиштолот ги подметнал, но, засега не може да објасни кој и зошто го направил тоа.
Таа јавно се пожалила дека била натерана да работи на две работни места и дека не можела да се концентрира во целост на нејзината примарна работа и да го проверува оружјето и куршумите.
За потсетување, Болдвин несакајќи ја застрела Хачинс на снимањето на филмот во Ново Мексико и истовремено го рани режисерот Џоел Суза.