Стареењето е неизбежен процес и не можеме да го контролираме, но постојат решенија како да изгледате помладо со помош на соодветна грижа или облека.
Секако, многумина не би отишле дотаму да го направат тоа по секоја цена да изгледаат целосно неконзистентно со годините, но сепак има мали совети кои можете да ги внесете во вашиот стил на облекување и кои ќе направат да изгледате помлади.
Воведете малку динамика
Едноставна маица со линии може да направи да изгледате посреќно и поенергично. Во тој случај, треба да им дадете предност на тесните, хоризонтални ленти. Маица, блуза или кошула со точки ќе го имаат истиот позитивен ефект врз вашиот изглед.
View this post on Instagram
Додадете боја на вашата облека
Еден од најефикасните начини за постигнување на сјај и свежина што ги носи младешкиот изглед е доколку користите бои. Посветло сина, циклама или црвена може совршено да го нагласат секој монохроматски стил. Доколку не сте доволно храбри да имате посебно парче во боја, тогаш додадете ја во додатоците.
View this post on Instagram
Направете го вашето лице посветло
Колку е посветло вашето лице, толку помладо и попозитивно ќе изгледате. Ефикасен начин да го „отворите“ лицето и да го направите да изгледа посветло е да носите нешто со бела јака (поло кошула, кошула, блуза, туника).
View this post on Instagram
Не ги игнорирајте фармерките
Тексасот е многу благодарен материјал кој може да ви помогне да ја истакнете фигурата, но и да прикриете одредени недостатоци, а би било многу паметно да го вклучите во вашиот стајлинг. Секако, изберете модели кои се соодветни за вашата возраст, а не оние што ги носат тинејџерките.
View this post on Instagram
Накит
Синџирите, особено како ланче околу вратот, веќе неколку сезони се еден од нашите омилени трендови во модниот свет.
Златен синџир околу вратот, синџир за очила за сонце, алки. Овој додаток е безвременски, без разлика како ќе одлучите да го поддржите.
View this post on Instagram