Редок антарктички пингвин завршил на 3.000 км оддалечениот Нов Зеланд

Редок аделиски пингвин се одалечил 3.000 километри од своето природно живеалиште на Антартикот и стигнал до брегот на Нов Зеланд. Локален жител забележал дека пингвинот делува изгубено. Тој повикал спасувачи кога видел дека пингвинот не влегува во вода.

„Прво помислив дека е играчка, но потоа пингвинот ја помрдна главата и сфатив дека е вистински. Тој не се помести еден час, изгледаше исцрпено“, изјави локалниот жител Хари Синг.

Томас Страке, кој се грижи за пингвини повеќе од 10 години, бил шокиран кога сфатил дека станува збор за аделиски пингвин, вид кој исклучиво живее на Антарктик.

На пингвинот му биле направени крвни тестови кои утврдиле дека е малку ослабнат и дехидриран. Откако закрепнал, пингвинот бил пуштен на безбедна плажа на која нема кучиња.

Ваков случај е регистриран два пати претходно, и тоа во 1962 и 1993 година.

Scroll to Top