Првата македонската платформа за поврзување на студенти и дипломци со компаниите за пракса и вработување, Бинтерн од Битола, е поддржана и од Фондот за иновации и технолошки развој како иновативен производ и решение.
Целта на оваа стартап-компанија е да им овозможи на студентите побрз и поедноставен начин на започнување на својата кариера преку поврзување со компании за пракса и работа. Додека компаниите ќе можат да најдат нови млади и амбициозни луѓе кои ќе ги развиваат кај нив своите професионални кариери.
Досега 40 од 2.500 студенти и дипломци од различни струки нашле работа преку оваа платформа, која содржи над 110 регистрирани компании и повеќе од 20 огласи секој месец.
Компанијата соработува со повеќе студентски организации, универзитети и едукативни центри, меѓу кои и: Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип, Универзитет „Св. Климент Охридски” од Битола, Универзитет „Апостол Павле” од Охрид, Универзитет „Американ Кколеџ” од Скопје, ФЕИТ, Градежен Факултет и многу други.
Бинтерн беше организатор и на Jobathon, односно Hackathon за вработување на кој учесниците имаа задача да програмират решение за потоа компаниите да си изберат дел од најдобрите програмери и да им понудат работа кај нив. Како и на Emerging Technologies со цел да сe соеднини ИТ-заедницата и да се разменат искуства и знаења.